Пресек на реализираните активности на проектот „Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион“ во 2024 година
- СООПШТЕНИЕ - Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска учествуваше на завршниот состанокот на Управниот одбор на повеќегодишниот проект „Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион“, на кој се разгледуваа реализираните активности во текот на изминатата година и беше одбележано завршувањето на Проектот.
17 декември 2024
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска учествуваше на завршниот состанокот на Управниот одбор на повеќегодишниот проект „Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион“, на кој се разгледуваа реализираните активности во текот на изминатата година и беше одбележано завршувањето на Проектот.
Заменик министерката истакна дека успешната имплементација на Проектот, чии активности се реализираат од 2017 година, веќе поттикна промени во управување со ризикот од поплави на регионално ниво, односно на ниво на речен слив. Тоа, воедно, го забрза процесот на трансформација од чисто реактивен одговор на поплавите кон интегрално и системско управување со опасностите, ранливоста и изложеноста на заедниците.
Полошкиот регион има историја на силни природни непогоди, што во 2015 и 2016 резултираа со огромна материјална штета проценета на околу 20 милиони евра и загуба на неколку животи во селото Шипковица. Следствено, меѓу другото, во рамките на Проектот, се интервенираше и со спроведување мерки за структурна и биоинженерска заштита од поплави во село Шипковица.
Исто така, беа изработени неколку студии и планови за управување со ризикот од поплави, како што е Студијата што се однесува на алтернативните можности за управување со наносот во сливот на Горен Вардар и Планот за управување со ризикот од поплави во сливот на Горен Вардар со кој се поставени приоритетите и инвестициите на мерките за намалување и отпорноста од ризикот од поплави на ниво на слив.
Според Лашкоска, од голема корист се и одржаните обуки за подигање на јавната свест на населението и на соодветните институции, за да бидат подготвени и да умеат да се справат со евентуалните нови природни катастрофи, пред се поплави и свлечишта.
- Министерството за животна средина и просторно планирање во текот на целата имплементација беше активно вклучено, бидејќи проектот е од витално значење за населението од овој регион и за државата воопшто. Ние успеавме и финансиски да поддржиме некои активности како што се активностите во сливот на Горен Вардар- Јегуновце и Горен Вардар-Гостивар, а обезбедивме и национална контрибуција при интервентните мерки во Шипковица – додаде заменик министерката
На состанокот присуствуваа и амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан.
Проектот е финансиран од Владата на Швајцарија , а имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Министерството за животна средина и просторно планирање.
Министерство за животна средина и просторно планирање
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.