• среда, 27 ноември 2024

Пренос во живо од Европското првенство во фудбал во паркот Нирнберг во Ново Лисиче

Пренос во живо од Европското првенство во фудбал во паркот Нирнберг во Ново Лисиче
Скопје, 12 јуни 2021 (МИА) - Општина Аеродром организира пренос во живо од Европското првенство во фудбал во паркот Нирнберг во Ново Лисиче и можност за групно следење на натпреварите од ЕУРО 2020. Првиот пренос ќе биде утре, 13 јуни (недела), од 17:00 часот, кога македонската репрезентација ќе игра против Австрија во Букурешт. - Натпреварите ќе бидат пренесувани на голем екран, а еден час пред настапите на нашите репрезентативци ќе има организирана програма со водител и гости, соопштија денеска од Општина Аеродром. Инаку, преносот на натпреварите ќе се организира секоја вечер од сите натпревари, односно сè додека трае учеството на нашата репрезентација. Овој настан, се подвлекува во соопштението, се организира во согласност со сите протоколи. цр/ев/

Остани поврзан