• среда, 25 декември 2024

Премиерот на Луксембург хоспитализиран поради коронавирусот

Премиерот на Луксембург хоспитализиран поради коронавирусот
Луксембург, 4 јули 2021 (МИА) - Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, кој на 27 јуни беше тестиран за Ковид-19 и притоа утврдено дека е позитивен вирусот, утрово е примен во болница, пренесува „Гардијан“. Како што се наведува, направени му се дополнителни тестови и анализи, а ќе остане под медицински надзор 24 часа, поради претпазливост. Откако беше утврдено дека е позитивен на коронавирусот, беше соопштено дека има благи симптоми и дека ќе биде во самоизолација десет дена. Бетел (48) сам се тестирал, по што позитивниот тест е потврден и со ПЦР тест. паг/  

Остани поврзан