Премиерот Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на СРЦ „Бранители'' во Општина Бутел
- Како што соопшти владината прес-служба, овој спортско рекреативен центар опфаќа фудбалски терен со вештачка трева, баскет терен со специјална подлога, како и детско игралиште, мини парк и шеталиште за жителите.

Скопје, 12 септември 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на Спортско рекреативниот центар „Бранители“ во населеното место Љуботенски пат во Општина Бутел.
Како што соопшти владината прес-служба, овој спортско рекреативен центар опфаќа фудбалски терен со вештачка трева, баскет терен со специјална подлога, како и детско игралиште, мини парк и шеталиште за жителите.
Вредноста на овој проект изнесува 7.000.000 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Бутел.
Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми, по пуштањето во употреба на Спортско рекреативниот центар. нд/
Фото: МИА архива