• понеделник, 23 декември 2024

Премиерот Ковачевски присуствуваше на отворањето на Преспа форумот за дијалог 

Премиерот Ковачевски присуствуваше на отворањето на Преспа форумот за дијалог 
Скопје, 16 јуни 2022 (МИА) – Премиерот Димитар Ковачевски вечерва присуствуваше на отворањето на второто издание на Преспа форумот за дијалог, кој денеска и утре се одржува во Охрид каде го проследи обраќањето на претседателот Стево Пендаровски пред гостите на форумот, активни и поранешни шефови на држави и влади, министри и членови на влади од Европа, САД, како и претставници на меѓународни организации како ОН, ОБСЕ и други, и претставници на граѓанските и тинк-тенк организации од земјата и од странство. Како што информираат од владината прес-служба, претседателот на Владата во рамките на неговата агенда на Преспа форумот за дијалог, денеска се сретна со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел и со посебниот претставник на ЕУ за Западeн Балкан и дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак. Премиерот Ковачевски како главен говорник утре ќе ја отвори сесијата на тема „65 години после Римскиот договор: Дали Европа е целосно економски реконструирана и интегрирана?“. Во текот на утрешниот ден за време на Преспа форумот за дијалог, премиерот Ковачевски е предвидено да има и билатерални средби со заменик-помошникот на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар, со генералната потсекретарка на ОН за политички прашања и мировни операции Розмари Ди Карло, со министерот за надворешни работи на Република Полска и актуелен претседавач со ОБСЕ, Збигњев Рау, со секретарот за односи со државите на Светата Столица (Ватикан), Пол Ричард Галагер и со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу.вј/лв/

Остани поврзан