• четврток, 26 декември 2024

Премиерот Ковачевски новата година ќе ја дочека со пријателите и со семејството

Премиерот Ковачевски новата година ќе ја дочека со пријателите и со семејството

Скопје, 29 декември 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски доаѓањето на новата година ќе ја прослави со пријателите во некое од скопските кафулиња, а денот ќе го заврши со семејството.  

- Како и секоја година ќе ја прославам Новата година. Јас сум човек кој секогаш за 31 декември сум некаде по скопските кафулиња, така било со години, со моите другари од детство, и после една-две пријачки во центарот на Скопје секогаш денот го завршувам со семејството, изјави Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на пуштањето во употреба на реконструираната сала Партизан во скопски Карпош. ев/нд/  

Остани поврзан