• петок, 27 декември 2024

Премиерот Ковачевски е во добра здравствена состојба и од утре се враќа на работа

Премиерот Ковачевски е во добра здравствена состојба и од утре се враќа на работа
Скопје, 13 април 2022 (МИА) - По напуштањето на Инфективната клиника, премиерот Димитар Ковачевски е во добра здравствена состојба и од утре се враќа на работа, информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски. - Премиерот Ковачевски со болки во стомакот, од веројатно труење од храна, беше примен на Инфективната клиника во Скопје, каде што му беше пружена целосна нега и бидејќи состојбата му се подобри вечерта, зборуваме неделата кон понеделник, е задржан заради опсервација, а утредента е пуштен во сосема добра здравствена состојба, истакна Арсовски. Тој нагласи дека на сите настани каде што присуствуваат високи функционери, па така и на Еконосмиот форум во Делфи, се преземаат мерки и активности за проверка на исправноста и безбедноста на храната и пијалоците кои што се консумираат. - Премиерот ниту јадел, ниту се движел надвор од протоколите во овој период, рече Арсовски и посочи дека сите околности за овој случај се испитуваат и во наредните денови ќе има повеќе детали . Владиниот портпарол посочи дека врзано со Економскиот форум во Делфи нема информации дали има други случаи на труење. Тој рече дека во моментов има информации дека шефот на Кабинетот на премиерот имал полесни симптоми и е во добра здравствена состојба. - Во однос на храната и пијалоците кои што ги консумираат личностите под заштита, претходно според закон се преземаат мерки и активности за проверка на нивмната исправност во однос на безбедноста и евентуалните ограничувања во поглед на исхраната која би ја имала конкретната личност. Овие мерки се преземаат континуирано и секојдневно, иако во одредени ситуации можеби не може однапред да се предвидат таквите ситуации. Не е исклучена можноста да се консумира храна или пијалок која не подложела на соодветна проверка согласно практичните процедури на постапување, рече Арсовски. фф/сп/

Остани поврзан