Премиерот Заев на промоција на Комплексот Планет
- Премиерот Зоран Заев денеска ќе присуствува на промоцијата на Комплексот Планет, што се наоѓа меѓу селата Љубин и Арнакија во Општина Сарај.

Скопје, 22 јули 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев денеска ќе присуствува на промоцијата на Комплексот Планет, што се наоѓа меѓу селата Љубин и Арнакија во Општина Сарај.
Како што најавија од владиниот Сектор за односи со јавноста, на промоцијата ќе бидат присутни и претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на Демократска унија за интеграција Али Ахмети, градоначалниците на Град Скопје и на Општина Сарај, Петре Шилегов и Блерим Беџети и инвеститорите Валдета Касапи, Самет Мислиу и Џемил Шабани. цр/сп/