Премиерот Заев на завршен увид на пречистителна станица во Штип
- Премиерот Зоран Заев денеска ќе има обраќање и ќе направи увид во завршната фаза на пречистителната станица во Штип како дел од ХС „Злетовица“.

Скопје, 15 септември 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев денеска ќе има обраќање и ќе направи увид во завршната фаза на пречистителната станица во Штип како дел од ХС „Злетовица“.
Како што соопшти владината прес-служба, на настанот ќе присуствуваат и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, амбасадорот на Словенија во Северна Македонија Милан Предан, амбасадорот на Јапонија во нашата земја Хиронори Савада, градоначалникот на Штип Сашко Николов и градоначалникот на Пробиштип Драган Анастасов. дма/са/