• понеделник, 23 декември 2024

Премиерлигата ќе решава дали ќе го укине ВАР следната сезона

Премиерлигата ќе решава дали ќе го укине ВАР следната сезона

Лондон, 15 мај 2024 (МИА) - Клубовите од Премиер лигата ќе одржат многу важно гласање во однос на следната сезона во англиската елита, пренесе „Атлетик“. Станува збор за можно укинување на ВАР.

На годишниот состанок на клубовите од Премиер лигата на 6 јуни, тие ќе треба да одлучат дали ВАР системот треба да продолжи да се користи во натпреварите во лигата следната сезона. ВАР се користи во Премиер лигата од 2019 година и им беше голема помош на судиите, но оваа сезона некои судиски одлуки донесени со користење на системот предизвикаа голема контроверзии околу натпреварите.

Затоа Вулверхемптон поднесе предлог за укинување на ВАР од следната сезона. За да помине овој предлог, тој треба да биде одобрена од најмалку 14 од 20-те клубови во првата лига на Англија во моментот на нејзиното гласање.

-Овој потег доаѓа по внимателно разгледување и со најголема почит кон Премиер лигата, Судискиот комитет и другите клубови. Не сакаме да обвинуваме, само го бараме најдоброто решение за фудбалот. Сите засегнати страни работат напорно за да ги направат технолошките иновации успешни. Сепак, по пет сезони на ВАР во Премиер лигата, време е за конструктивна и критичка дебата за неговата иднина. Наш став е дека цената што ја плаќаме за мало зголемување на прецизноста е спротивна на духот на нашата игра и како резултат на тоа мораме да го отстраниме системот од сезоната 2024/25 натаму, се вели во соопштението на Вулверхемптон. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан