• недела, 28 јули 2024

Премиера на „ГЛУМиЦИ“, претстава на независното здружение „Артопија“

Премиера на „ГЛУМиЦИ“, претстава на независното здружение „Артопија“
Скопје, 30 март 2022 (МИА) - Во Младинскиот културен центар, денеска и утре ќе се одржат две изведби на претставата „ГЛУМиЦИ“, во продукција на независното здружение „Артопија“. Како што информираат од МКЦ, денешната изведба е распродадена, но остануваат уште билети за утре, за претставата која започнува од 21 часот. - Прашање е дали ГЛУМиЦИ е воопшто претстава за глумици или за глумци, за театарот, за сите нас во него или за него во светот, за славата, блесокот, за сето она за што мечтаеме, за страдањето, за носењето на својот крст и верувањето. Можно е да не е. Можно е да не е ни претстава. Можно е да е нешто повеќе. Не знаеме. Не знаеме ни дали никогаш досега не сме го правеле ова или отсекогаш сме го правеле токму ова. Да пробаме заедно, па ќе видиме, стои во соопштението од МКЦ како опис на претставата. Дизајнот на на сценскиот простор е на Ненад Тонкин, а оригинална музика на Дино Имери. Претставата е поддржана од Град Скопје и Министерство за култура. ар/лв/    

Остани поврзан