• среда, 25 декември 2024

Премалку, но и премногу сон може да предизвика когнитивни проблеми кај повозрасните луѓе

Премалку, но и премногу сон може да предизвика когнитивни проблеми кај повозрасните луѓе
Лос Анџелес, 3 мај 2022 (МИА) - Ново истражување посочува дека околу седум часа спиење се доволни за идеален ноќен одмор кај луѓето во средните и доцните години, А пак, недостатокот, но и вишокот сон е поврзан со намалена способност за внимание, помнење и учење нови работи, решавање проблеми и донесување одлуки. - Иако не може со сигурност да кажеме дека премалку или премногу сон предизвикува когнитивни проблеми, нашата анализа на поединци во подолг временски период се чини дека ја поддржува оваа претпоставка, рече Џијанфенг Фенг, професор на Универзитетот Фудан во Кина и автор на трудот, објавен во списанието „Нејчр ејџинг“ (Nature Aging). - Сепак, причините зошто постарите луѓе спијат полошо, се чини дека се сложени и под влијание на нашите гени и на структурата на нашиот мозок, додаде тој. Истражувачите од Кина и Обединетото Кралство анализирале податоци од речиси 500.000 возрасни, на 38 - 73 години кои биле дел од британската Биобанка - долгорочна здравствена студија поддржана од Владата. Учесниците биле прашани за нивниот начин на спиење, менталното здравје и благосостојба и серија други когнитивни тестови. Снимањето на мозокот и генетските податоци биле достапни за речиси 40.000 учесници во студијата. Други истражувања покажуваат дека постарите луѓе кои имаат значителни тешкотии да заспијат и кои често се будат ноќе, се изложени на висока опасност од деменција или прерана смрт, додека спиењето помалку од шест часа навечер е поврзано со срцевите болести. Премалку сон се поврзува со акумулацијата на амилоид - клучниот протеин којшто може да предизвика одреден облик на деменција. Студијата, исто така, посочува дека е можно продолженото спиење да биде последица од неквалитетен, „испрекинат“ сон. Заклучокот гласи дека спиењето треба да трае околу седум часа, но и тоа да биде трајно, спокојно и непрекинато.  си/

Остани поврзан