• сабота, 23 ноември 2024

Преку ИПАРД 3 стопроцентна поддршка до максимум еден милион евра за проекти на руралните општини

Преку ИПАРД 3 стопроцентна поддршка до максимум еден милион евра за проекти на руралните општини

Скопје, 24 јануари 2024 (МИА) - Директорот на Платежната агенција Никица Бачовски информира дека активно се работи на акредитирањето на новата ИПАРД 3 мерка, која ќе биде наменета исклучиво за руралните општини. Мерката е наречена Рурална јавна инфраструктура и предвидува поддршка на проекти изготвени од руралните општини за улици, патишта, водоводи, канализации, партерни уредувња, културни домови, детски игралишта, паркови,... За овие проекти, како што рече Бачовски, општините ќе добијат 100 отсто финансиска поддршка од сумата на инвестицијата, но не повеќе од еден милион евра.

-Корисници на мерката би биле директно локалните самоуправи, а целта е да се овозможи повик на кој ќе се јават со конкретни проекти. Рамката е доста широка. За жал, нема да им дадеме пари на Центар или Аеродром, но, за среќа, на повикот ќе може да се јават исклучиво рурални општини, кои не надминуваат 30 000 жители согласно последниот попис, објасни Бачовски кој учествуваше на панелот „Земјоделство и рамномерен регионален развој - ЕУ можности и перспективи“ што се одржа утрово во рамки на конференцијата „Година на европски можности“. мч/аа/

фото: МИА архива и принт скрин

 

Остани поврзан