• четврток, 19 декември 2024

Прекин на кабел ја отсече Тонга од остатокот од светот

Прекин на кабел ја отсече Тонга од остатокот од светот
Сиднеј, 18 јануари 2022 (МИА) - Архипелагот Тонга во јужниот дел на Пацификот би можел да биде отсечен од остатокот од светот со денови, па дури и недели поради тешкотиите во поправката на единствениот подморски комуникациски кабел, кој беше пресечен за време на голема вулканска ерупција. По саботната ерупција на вулканот Хунга Тонга-Хунга Хапаи следеше цунами преку Тихиот океан, а во еден момент подморскиот комуникациски кабел, со кој управува компанијата „Тонга Кејбл“, беше отсечен во водите на околу 37 километри од брегот. Сепак, поправката на клучната оптичка врска на Тонга, која се протега на 827 километри до Фиџи, зависи од пристигнувањето на специјализиран брод, кој сега е неколку дена оддалечен бидејќи се наоѓа во Порт Морсби, главниот град на Папуа Нова Гвинеја. паг/    

Остани поврзан