Прекин во водоснабдувањето за корисниците од ул. „Рафаело Батино“, во општина Ѓорче Петров
- Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата „Рафаело Батино“, во општина Ѓорче Петров поради уличен дефект на водоводена цевка Ф 100мм на истата улица.
Скопје, 27 ноември 2024 (МИА) - Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата „Рафаело Батино“, во општина Ѓорче Петров поради уличен дефект на водоводена цевка Ф 100мм на истата улица.
ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:55 часот до завршување на работните активности. цр/
Фото: МИА архива