• понеделник, 23 декември 2024

Презентирана стратегијата на социјалното претпријатие РЕДИ рециклажа

Презентирана стратегијата на социјалното претпријатие РЕДИ рециклажа
Скопје, 1 октомври  2021 (МИА) - РЕДИ Рециклажа е социјално претпријатие чија цел е да ги организира и формализира индивидуалните собирачи на секундарни суровини, преку воспоставување на систем за примарна селекција на отпад во стенбените објекти и компании. Исто така, ова социјално претпријатие придонесува и за почиста животна средина, преку рационално користење на секундарни суровини, истакна денеска директорот на ова претпријатие, Асиб Зекир. Тој во своето обраќање на отворениот ден на РЕДИ Рециклажа, посочи дека според податоците на здружението „Go green“, 80 проценти од непријавениот отпад е селектиран од страна на неформалните собирачи, кои значајно се изложени на здравствен ризик. Исто така, при селекција и собирање на отпадот тие немаат здравствено и пензиско осигурување, а постои и експлоатиран труд каде што се инволвирани нивните деца за поголема количина за собирање, рече Зекир. Токму поради тоа, посочува директорот, развиле едно вакво социјално претпријатие како нов механизам за решавање на долгорочните проблеми од заедницата. Тој информираше дека РЕДИ рециклажа е стартап компанија регистрирана како ДООЕЛ со бизнис модел на социјално претпријатие основано од здружението Иницијатива за економски развој на Ромите, РЕДИ Скопје. Со финансиска поддршка од СИДА, РЕДИ Рециклажа набави и електрични велосипеди и опрема за собирање на секундарен отпад. -Најавен е и проект кој што е поддржан од Федералното министерство за социјална работа, здравство и заштита од Австрија, кој што е во партнерство со Европската кацеларија за животна средина во Брисел, каде што предвидуваме активности кои ќе развијат методологија за развивање на капацитетите на собирачите за секуларни суровини. Нашите обуки ќе бидат соопфатни согласно потребите на неформалните собирачи за нивен личен развој, како и глаболен развој на собирањето на отпад во државата, рече Зекир. Тој напомена дека овие лица во претстојниот период ќе бидат контактирани, и ќе бидат мапирани нивните потреби, но и да развијат методологија за да можат нивните потреби да бидат надокнадени со компетенти обуки. Овој проект, како што посочи Зекир, ќе им даде јасна слика што и како треба да направат во иднина во државата. Визијата на РЕДИ Рециклажа, како што додава, е креирање на социјално претпријатие раководено од собирачи на секундарни суровини и користење на циркуларна економија за рециклирање на секундарните суровини. Додаде дека за успешно постигнување на нивната визија процесот е во три фази. Првата фаза, е собирање и транспорт на неопасен отпад каде што мапираат станбени објекти односно згради и компании кои имаат желба да селектираат отпад. -Притоа поставуваме наши канти за селекција на отпад во станбени објекти и истите ги испразнуваме и сервисираме преку организиран начин на собирање, кој што ке биде спроведен од страна на нашите собирачи. При транспорт на отпадот користиме електрични бицикли кои го транспортираат отпадот во лиценцирано складиште за собирање на секундарни суровини, додаде Зекир. Тој посочи дека РЕДИ Рециклажа има добиено лиценца за собирање и транспорт на неопасен отпад издадена од Министерство за животна средина и за активности на права фаза предвидени се десет вааботувања кои што ќе се состават со тимот од собирачи. Втората фаза е предвидена да започне во текот на 2022 година, и истата е предвидена да вработи дополнително 20 лица. Последната фаза е предвидена за рециклирање на секундарни суровини, нивна повторна употреба и можностите за поправање на истите. -Оваа фаза вклучува собирање на секаков вид на секундарни суровини, третман и складирање и истата е предвидена за во 2024 година, додаде директорот. Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини во своето обраќање денеска посочи дека социјалното претприемништво може да и помогне на нашата земја со перспективи за вработување, социјална вклученост и помош во процесот на интеграција и социјална кохезија. Тој истакна дека битна алка во управувањето со отпад играат собирачите на секундарните суровини, и зошто е важно да секторот кој досега беше неформализиран, ја најде својата вистинска улога во регионалниот систем за управување -Во моментов бројките покажуваат дека 80 до 90 отсто од отпадот кој може да се рециклира во Северна Македонија, се собира од неформалните собирачи. Ова во овој момент значи дека се работи за најефективните собирачи. Се проценува дека се вклучени околу 5000 луѓе на национално ниво. Тоа делумно се должи на некомплетното исполнување на обврските на општините, во недоволната Инфраструктура, како и во непрецизната законска регулатива, досега, рече Нуредини. Тој информираше дека Министерството ќе донесе нови шест закони за управување со отпадот кои го промовираат начелото на циркуларна економија. -Тоа значи повеќе обврски за селекција на отпадот, повеќе обврски за производителите на отпадот и конкретна регулација на секундарната суровина. На важно, овие закони поставуваат цели за собирање, рециклирање и преработка на отпадните производи со дефинирани обврски и одговорности на сите учесници во системот. Оттука несомнено идејата на РЕДИ за формирање на едно вакво социјално претпријатие е добредојдена. Ова ќе даде можност неформалните собирачи да се организираат, да влезат во формалниот систем за отпад. да добијат пристојна работа да се обезбедат потребните документи, и да се следат количините на отпад, рече Нуредини. Дополнително, напомена министерот, иако неформалните собирачи имаат голем придонес рециклирањето на отпадот, од друга страна постои голем ризик за нив, бидејќи покрај од надземните контејнери за мешовит отпад, го собираат отпадот и од подземните контејнери и од депониите, со што се сочуваат со огромен ризик по нивното здравје. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, информираше дека на последната владина седница беше усвоена Националната стратегија за социјално претприемништво во периодот 2021-2027 година како и акциски план за првите две години за спроведување на Националната стратегија за социјално претприемништво. -Во стратегијата се дефинирани пет приоритети, чии имплементации ќе создадат услови за формирање, развој, меѓутоа и одржливост на социјалните претпријатија. Првиот приоритет е во насока на воспоставување на поволна правна рамка на која работиме и која ќе биде финансирана во првата половина на 2022 со носење на закон за социјално претприемништво, рече министерката денеска во своето орбаќање. До крајот на наредниот месец, како што рече, ќе го отворат првиот Центар за поддршка на социјалните претпријатија којшто е лоциран во строгиот центар зад споменикот на Мајка Тереза. -Негова задача ќе биде да ги гради капацитетите на социјалните претпријатија во државата, да воспоставува соработка со бизнис секторот, со локалната самоуправа, меѓутоа и со националните институции. Центарот исто така ќе ги следи и светските трендови во областа на социјалното претприемништво, додаде министерката.бт/дма/

Остани поврзан