Презентација на програма за културната манифестација „Галичка свадба“
- Програмата на годинешната културна манифестација „Галичка свадба“ официјално ќе биде презентирана денеска во Пивара Скопје.

Скопје, 11 јули 2023 (МИА) – Програмата на годинешната културна манифестација „Галичка свадба“ официјално ќе биде презентирана денеска во Пивара Скопје.
Воедно ќе бидат претставени и годинешните младенци, облечени во традиционалните галички свадбарски носии.
На прес-конференцијата ќе се обратат Александар Костиќ од МЗ „Галичник“, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и претставничка на Пивара Скопје, долгогодишен партнер на манифестацијата. свс/ев/
Фото: МИА архива