• среда, 27 ноември 2024

Презентација на Програмата за поддршка за социјална сигурност на земјоделките

Презентација на Програмата за поддршка за социјална сигурност на земјоделките

Кривогаштани, 10 март 2023 (МИА) - Министрите за труд и социјална политика и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јованка Тренчевска и Љупчо Николовски денеска ќе присуствуваат на презентација на Програмата за поддршка за социјална сигурност за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност и поддршките наменети за земјоделките преку Програмата за финансиска поддршка за рурален развој 2023 година.

На настанот, кој го организира Министерството за труд и социјална политика  во рамки на караванот за родова еднаквост посветувајќи го месец март на менталното здравје и благосостојбата на жените  како предуслов за  родова еднаквост, ќе присуствуваат и претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска и градоначалникот на Кривогаштани, Николче Мискоски. сп/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан