• сабота, 23 ноември 2024

Презентација на истражување за концепцијата за основно образование

Презентација на истражување за концепцијата за основно образование
Скопје, 12 октомври 2022 (МИА) - Здружението за истражувања и анализи - ЗМАИ, поддржано од Фондацијата Отворено општество, денеска ќе презентира истражување за концепцијата за основно образование. Истражувањето претставува анализа на текот на спроведувањето на концепцијата во таргетирани општини и училишта и анализа на ставовите и перцепциите на наставниците и родителите од 11 општини и 48 училишта за спроведување на програмите во прво и четврто одделение, каде наставата се реализира и на јазиците на помалку бројните етнички заедници. Резултатите од анализата се однесуваат на учебната 2021/22 година. Анализата е направена во рамки на проектот „Подготвеноста на основните училишта за спроведувањето и ефектите од реализацијата на наставните програми од Концепцијата за основно образование”. На настанот, како што најавуваат организаторите, најавено е да се обратат директорот на Бирото за развој на образованието Зеќирија Хасип, програмската координаторка во ФООМ Наташа Анѓелеска и претседателот на ЗМАИ, Виктор Митевски. фф/бак/

Остани поврзан