• петок, 27 декември 2024

Презентација на европскиот проект за циркуларна економија - Cinderela

Презентација на европскиот проект за циркуларна економија - Cinderela

Скопје, 30 септември 2021 (МИА) - Градежниот институт Македонија и Макстил АД Скопје денеска ќе го презентираат проектот Cinderela за циркуларна економија и искористување на отпадот како ресурс.

Cinderela е комплексен истражувачки и иновативен проект, финансиран од програмата „Хоризонт 2020“ на Европската Комисија, базиран на можностите за намалување на урбаниот отпад, кој има за цел развивање и демонстрирање нов бизнис модел на циркуларната економија.

Во овој проект индустрискиот отпад-троска добиен од печките за топење на отпадно железо, станува квалитетен градежен материјал кој се искористи за асфалтирање и изградба на преградни блокови. дма/ев/

Остани поврзан