• вторник, 24 декември 2024

Преживеана од холокаустот на насловницата на претстојното германско издание на „Вог“

Преживеана од холокаустот на насловницата на претстојното германско издание на „Вог“

Бон, 18 јyни 2024 (МИА) - Маргот Фридландер која има 102 години и го преживеала холокаустот, ќе се најде на насловната страница на специјалното двојно издание на германскиот број на списанието „Вог“. Бројот за јули - август е посветен на љубовта, но и на една од ретките живи сведоци на прогонот и убиствата на Евреи во нацистичката ера.

За насловницата, Фридлендер позира облечена во црвено палто, но нагласката, сепак, се чини, е на интервјуто. Таа раскажува за нејзиното искуство со нацистичкиот период, враќањето во Германија и јавните настапи како преживеана од холокаустот. Уредничкиот тим четири пати се сретнал со Маргот Фридлендер за да подготви опширен материјал за неа, којшто „ќе биде распространет на многу страници“, како што најави „Вог“ за Германија.

Фридландер, инаку, е „најпозитивната личност“, според „Вог“.

„Таа на многумина им е позната како преживеана од Холокаустот, но таа ги преживеала не само нацистите, туку и предавството и загубата. Таа ги има сите причини да биде огорчена, но останува слободоумна и одбива да заземе страна“, вели тимот на германското издание.

Маргот Фридландер е многукратно наградувана за нејзините напори и грижа - ужасите од овој период да не бидат заборавени. Претстојното двојно издание на „Вог“ ќе излезе на 22 јуни.  си/

Фото: „Вог“

Остани поврзан