Предновогодишна музичка програма „Аеродром пулсира vol.3”
- Општина Аеродром и Џевахир Мол Скопје организираат предновогодишна забава со почеток во 18:30 часот, пред платото на трговскиот центар. Настанот ќе вклучува четиричасовна музичка програма со настапи на повеќе македонски ѕвезди.
Скопје, 21 јануари 2024 (МИА) - Четиричасовна музичка предновогодишна програма со настап на домашни музички ѕвезди организира вечерва Општина Аеродром и Џевахир Мол Скопје.
Настанот ќе почне од 18:30 часот пред платото на трговскиот центар, а како што најавуваат организаторите, ќе настапат Игор Џамбазор и Гуру Харе, Тони Зен, Пајак и Лара и Каролина Гочева.
Покрај музичките настапи, организаторите најавуваат и бројни изненадувања за присутните. ар/бак/
Фото: Џевахир мол