• сабота, 06 декември 2025

Предложен притвор за 37-годишик за недозволено држење муниција

Предложен притвор за 37-годишик за недозволено држење муниција

Скопје, 31 октомври 2025 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за 37-годишник осомничен за „неовластено држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“.

Како што информира денеска Јавното обвинителство, вчера при претрес во автомобилот на осомничениот на улицата „Кемал Сејфула“ биле пронајдени 100 куршуми со калибар 7,62Х39 милиметри наменети за испалување од различни видови огнено оружје.

Притворот е предложен поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото што му се става на товар. мд/вј/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан