Предлог-законот за заем за проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови оди на парламентарна седница
- Предлог-законот за заем за финансирање на проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови и објекти за ученици/студенти со попречености оди на парламентарна седница.
Скопје, 29 јануари 2026 (МИА) - Предлог-законот за заем за финансирање на проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови и објекти за ученици/студенти со попречености оди на парламентарна седница.
Парламентарната Комисија за финансирање и буџет на денешната 59. седница донесе заклучок, бидејќи е по скратена постапка, за проследување на предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова - КфВ по договорот за заем за финансирање на проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови и објекти за ученици/студенти со попречености во Северна Македонија, фаза 2, на натамошна постапка во Собранието.
По дадената насока, предлог-законот ќе оди на собраниска седница.
Ова беше второ читање на предлог-законот, чиј предлагач е Владата.
Овластен предлагач е Гордана Димитриеска-Кочоска, министерката за финансии. бд/са/
Фото: МИА архива