• сабота, 16 ноември 2024

„ПРЕДЕЛИ – симболи во дрво, стакло ...“- нова самостојна изложба на Љупчо Бојаров во КИЦ-Скопје

„ПРЕДЕЛИ – симболи во дрво, стакло ...“- нова самостојна изложба на Љупчо Бојаров во КИЦ-Скопје
Скопје, 3 ноември 2021 (МИА) - Нова самостојна изложба на академскиот уметник Љупчо Бојаров насловена  „ПРЕДЕЛИ – симболи во дрво, стакло ...“ ќе биде отворена вечер во 19 часот во Културно - информативниот центар во Скопје. На оваа 23-та самостојна изложба на Бојаров ќе бидат преставени 30 дела изработени во повеќе материјали како дрво, стакло, епоксидна смола и бакарна жица. Делата се изработени во период од 2015 – 2021 година. Љупчо Бојаров е роден на 16. август 1959 г. во Скопје. Училиште за применета уметност завршил 1978 година во Скопје, каде и дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во 1984 година. Член е на ДЛУМ од 1984 година и живее и работи во Скопје. Досега има одржано 23 самостојни изложби во земјава и во странство (Србија, Шведска и Црна Гора). Учествувал на повеќе од 150 групни и меѓународни групни изложби, 151, Македонија, Србија, Црна Гора, Чехословачка, Унгарија, Словачка, Шведска, Шпанија, Англија, Франција, Америка, Грција, Египет, Италија и Бугарија. Добитник е на 11 награди дои меѓународни награди , 11, Македонија, Чехословачка, Шведска и Италија. Изложбата во КИЦ-Скопје ќе може да се посети до 10 ноември 2021 година. вг/са/  

Остани поврзан