• петок, 05 декември 2025

Предвремените избори во Холандија ќе се одржат на 29 октомври

Предвремените избори во Холандија ќе се одржат на 29 октомври

Амстердам, 6 јуни 2025 (МИА) – Парламентарните избори во Холандија ќе се одржат на 29 октомври,  соопшти  денеска министерката за внатрешни работи во техничката влада, Јудит Ојтермарк, по состанокот на Министерскиот совет.

Овој датум претходно беше предложена од Државната изборна комисија како најран можен термин по падот на Владата.

Според Ојтермарк, одлуката е „комбинација на темелност и брзина“, со оглед дека не постојат технички услови изборите да се организираат претходно. Таа посочи дека мора да се земе предвид есенскиот распуст за да се овозможи што поголема излезност.

Обично надлежните органи имаат девет месеци за подготовка на избори, но овој пат ќе имаат двојно пократок рок.

– Претстои уште многу работа, како печатење и испраќање на 13,5 милиони избирачки картички. Ќе овозможиме и гласови од странство и регистрација на нови партии – изјави министерката. ссм/

фото: архива

Остани поврзан