• вторник, 31 декември 2024

Предадена градоначалничката функција во Росоман

Предадена градоначалничката функција во Росоман
Росоман, 8 ноември 2021 (МИА) - Новоизбраниот градоначалник на Росоман, Стојан Николов денеска ја презеде градоначалничката функција од досегашниот вршител на оваа функција, Бранко Јанев. Двајцата доаѓаат од редовите на СДСМ и коалицијата. Николов му се заблагодари на Јанев за сработеното во изминатиот период и најави успешна работа во иднина, реализација на ветените проекти за подобра општина. - Гарантирам чесност, транспарентност и работа, нагласи тој. Јанев се осврна на досегашното работење и додаде дека општинската каса ја остава полна, со близу 30 милиони денари. свд/мс/

Остани поврзан