• вторник, 24 декември 2024

Преглед на настани од руско-украинската криза во текот на денешниот ден

Преглед на настани од руско-украинската криза во текот на денешниот ден
Киев, 28 февруари 2022 (МИА) - Кус преглед на најбитните настани од денешниот ден од војната во Украина

- Руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините нуклеарни ракетни сили и северната и пацифичката флота биле ставени на засилена борбена должност, во согласност со наредбата од претходниот ден на претседателот Владимир Путин.

- Преговорите за прекин на огнот меѓу руските и украинските претставници почнаа на белоруската граница, во момент кога Русија се соочува со продлабочена економска изолација четири дена по инвазијата на Украина, најголемиот напад врз европска држава од Втората светска војна.

- Експлозии се слушнаа денеска утрово во главниот град Киев и во Харков, соопштија украинските власти, додека станбена зграда во Чернихив во северна Украина гореше откако беше погодена од проектил.

- Партнерите на НАТО и обезбедуваат на Украина ракети за противвоздушна одбрана и противтенковско оружје, објави шефот на НАТО, Јенс Столтенберг во твит.

- Авиокомпаниите се подготвуваат за потенцијално долга војна со санкции откако Европската унија ги забрани руските авиокомпании и Москва вети дека ќе возврати. Десетици летови беа откажани или испратени на скапи заобиколувања.

- Велика Британија соопшти дека презема дополнителни мерки против Русија во соработка со САД и Европската унија, ефикасно отсекувајќи ги главните финансиски институции на Москва од западните финансиски пазари.

- Руската централна банка повеќе од двојно ја зголеми својата основна каматна стапка и воведе некои контроли на капиталот додека се обидуваше да ја заштити економијата од невидените западни санкции кои ја насочија рубљата на рекордно ниско ниво - 26 отсто.

- Суровата нафта скокна додека рубљата падна на ново рекордно ниско ниво по воведувањето на новите санкции, вклучително и блокирањето на некои банки од системот за меѓународни плаќања СВИФТ.

- Европската унија ќе финансира оружје за Украина за да и помогне да се одбрани од руската инвазија, изјавија во неделата највисоките претставници на ЕУ. Русија ги нарекува своите акции во Украина „специјална операција“.

- Најмалку 352 цивили, меѓу кои 14 деца, се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина, а 1.684 лица се ранети, соопшти вчера украинското Министерство за здравство.

- Шефот на агенцијата на ОН денеска рече дека над 500.000 луѓе ја напуштиле Украина во соседните земји од почетокот на руската инвазија. Полска од денеска се обидува да го олесни преминувањето во Европската унија за околу четвртина милион Украинци кои чекаат на граничните премини во услови на смрзнување откако избегаа од руската инвазија.

- Десетици илјади луѓе ширум Европа маршираа во знак на протест против руската инвазија на Украина вчера. Повеќе од 5.500 луѓе се приведени на различни антивоени протести во Русија од почетокот на инвазијата.

- Украина почна случај против Русија пред суд во Хаг поради наводи за геноцид врз Киев.

- ЕУ ја очекува „непосредно“ апликацијата на Украина за приклучување кон Европската унија, а официјални лица во Брисел рекоа дека „ова ќе треба многу брзо да се процени од Советот и да се донесе одлуката дали да се побара итно мислење од Европската комисија“. - Жителите во Мариупол утринава изјавија дека пристанишниот град на Азовското Море е опколен од руските сили и под силен напад. - Амнести интернешенел ја осуди пријавената руска употреба на касетна муниција во Украина, велејќи дека нападот врз предучилишна установа „може да претставува воено злосторство“. - Владата на Велика Британија објави низа мерки „за забрана на физички или правни лица во Британија да преземаат финансиски трансакции во кои се вклучени руската Централна банка, рускиот Национален фонд за богатство и Министерството за финансии на таа земја“. - Руската рубља денеска падна за речиси 30 отсто на историски минимум наспроти американскиот долар, кога пазарите се отворија за тргување првиот ден откако западните земји објавија дека воведуваат економските санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина. - САД го засили протокот на оружје во Украина, објавувајќи дека ќе испратат ракети Стингер како дел од пакетот одобрен од Белата куќа. паг/    

Остани поврзан