Превозниците од Куманово сметаат дека одлуката за пакет линии е незаконска
- Дел од превозниците од Куманово сметаат дека одлуката на советот на општина Куманово за воведување пакет линии на спојување на атрактивните со неатрактивните линии е незаконска, соопшти на де

Куманово, 14 март 2022 (МИА) - Дел од превозниците од Куманово сметаат дека одлуката на советот на општина Куманово за воведување пакет линии на спојување на атрактивните со неатрактивните линии е незаконска, соопшти на денешната прес-конференција правниот застапник на дел од превозниците, Виктор Божиновски.
Советниците на последната седница изгласаа измена на одлука за општински линиски превоз со која превозниците кои ќе ги добијат атрактивните градски линии ќе бидат должни да вршат превоз и во неатрактивните рурални средини. Божиновски смета дека градоначалникот треба да донесе нов управен акт, како што е задолжен од второстепениот орган.
- Би го повикал градоначалникот да донесе нов управен акт како што е задолжен од страна на второстепениот орган, Министерството за транспорт и врски со кој ќе ги додели линиите на претпријатијата коишто ги исполнуваат во целост условите од распишаниот оглас, врз основа на првичната одлука од декември. Во спротивно целата одговорност паѓа на градоначалникот и општинската администрација и повторно може да се случи доколку се распише нов оглас, повторно рок за поднесување нови понуди, рок за носење решенија, жалби и овој процес ќе трае најмалку уште три месеци, граѓаните нема да имаат превоз, ниту учениците, изјави Божиновски.

