• сабота, 23 ноември 2024

Пребројување на пеликаните од Преспанско Езеро по повод Меѓународниот ден на биолошката разновидност

Пребројување на пеликаните од Преспанско Езеро по повод Меѓународниот ден на биолошката разновидност
Скопје, 22 мај 2020 (МИА) - Со пребројување на пеликаните од Преспанското Езеро, Македонското еколошко друштво во соработка со Општина Ресен и Националниот парк „Галичица“ денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на биолошката разновидност - 22 мај. Од МЕД информираат дека целта на одбележувањето е доближување на природните убавини на земјата. Посочуваат дека во текот на денот на социјалните мрежи ќе споделуваат слики и видеа од теренската активност за пребројување на пеликаните во Преспа. -Пребројувањето на пеликаните е прекугранична активност што ги вклучува и нашите партнерски организации од Грција и Албанија - Друштвото за заштита на Преспа и Друштвото за заштита на животната средина во Албанија. Затоа следете не на фејсбук и инстаграм и уживајте во глетките од Преспанското Езеро, соопшти Македонското еколошко друштво Броењето на пеликаните МЕД го спроведува од 2013 година. Пеликаните кои секојдневно доаѓаат да се хранат во македонскиот и албанскиот дел од Големото Преспанско Езеро, како што наведува друштвото, припаѓаат на најголемата гнездечка популација на овој вид во светот, која се наоѓа на Малото Преспанско Езеро, и ја нагласува неопходноста од заедничка соработка во напорите за зачувување на биолошката разновидност. Темата на годинашното прославување на Меѓународниот ден на биолошка разновидност е „Природата нуди решенија“.бт/бак/

Остани поврзан