• понеделник, 30 март 2026

Прв јавен состанок на АВМУ за 2026 година

Прв јавен состанок на АВМУ за 2026 година

Скопје, 30 март 2026 (МИА) - Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги (АВМУ) денеска ќе го одржи првиот јавен состанок за 2026 година.

Според најавата, на состанокот што ќе се одржи во просториите на Агенцијата, ќе бидат презентирани реализираните активности за првиот квартал од годинава, како и наодите од истражувањето на мислењето и ставовите на јавноста во врска со медиумите, што било изработено за потребите на АВМУ. 

Предвидено е состанокот да почне точно напладне. бд/мч/

Фото: Веб-страница на АВМУ / принтскрин

Остани поврзан