Прв смртен случај на Ковид-19 во Сирија
- Во Сирија почина една жена заразена со коронавирус, што е прв смртен случај на Ковид-19 во оваа земја, соопшти сириското Министерство за здравство.

Аман, 29 март 2020 (МИА) - Во Сирија почина една жена заразена со коронавирус, што е прв смртен случај на Ковид-19 во оваа земја, соопшти сириското Министерство за здравство. Сирија досега потврди само пет случаи, но лекаритесметаат дека има поголем број заразени. Официјалните лица негираат прикривање, но воведоа ограничување на движењето и мерки за спречување на пандемијата. паг/