Прв случај на Ковид-19 во Перу
- Прв случај на лице инфицирано со новиот коронавирус е регистриран во Перу, потврди претседателот Мартин Вискара

Лима, 6 март 2020 (МИА) - Прв случај на лице инфицирано со новиот коронавирус е регистриран во Перу, потврди претседателот Мартин Вискара.
Пациентот е 25-годишен маж кој престојувал во Шпанија, Франција и Чешка.
- Новооткриениот случај претставува понатамошно ширење на епидемијата во Јужна Америка, посочи Вискара.
Аргентина и Чиле во текот на неделата ги потврдија првите случаи на заразени лица со новиот коронавирус, додека во Бразил регистрирани се повеќе пациенти. ми/