Прв случај во Грција на хоспитализација на заразен со делта сојот
- Монах од Света Гора е првиот случај во Грција на хоспитализација на Интензивна нега на лице заразено со Делта сојот, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 10 јули 2021 (МИА) – Монах од Света Гора е првиот случај во Грција на хоспитализација на Интензивна нега на лице заразено со делта сојот, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации, 49-годишниот монах не бил вакциниран, а веќе е приклучен на апарати и е во сериозна состојба.
Досега, во Грција е регистриран вкупно 121 случај на делта сојот. ср/јт/