Прв пораз за македонските кошаркарки на ЕП Б-дивизија У-20
- Македонската репрезентација составена од кошаркарки до 20 години вечерва загуби од соодветната хрватска селекција со 64:46.

Скопје, 11 јули 2022 (МИА) – Македонската репрезентација составена од кошаркарки до 20 години вечерва загуби од соодветната хрватска селекција со 64:46.
По нерешените 11:11 во првата четвртина, Хрватска ја доби втората со 17:15 за два позитива на полувреме. Во третиот период водството на „коцкестите“ веќе беше 47:35. До крајот гостинките од Хрватска без проблеми дојдоа конечен триумф.
Ова беше втор настап и прв пораз за „црвено-жолтите“, додека Хрватките ја запишаа првата победа по три одиграни натпревари во Ц-групата.
На првиот денешен меч од оваа група, Црна Гора го совлада Косово со 100:35. Црногорките се лидерки на табелата со максимални две победи.
Утре македонската репрезентација се среќава токму со Црна Гора. зс/