• понеделник, 23 декември 2024

Прв куп трофеј за кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром

Прв куп трофеј за кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром

Скопје, 18 февруари 2023 (МИА) - МЗТ Скопје Аеродром за прв пат во своето постоењето стигна до трофејот во Купот на Македонија. „Сино-белите“ од Аеродром вечерва во финалето го совладаа бранителот на трофејот, Баскет Кам од Македонска Каменица со 75:60.

Ретки се тие моменти, но се случуваат. Екипа која за прв пат уествува на завршниот турнир од Купот на Македонија, да го освои, макар и во женска конкуренција.

МЗТ целото финале го одигра со една петорка. Американките Ли и Симонс, потпомогнати од Живковиќ, Митрева и Митева ја имаа контролата на резултатот во текот на целиот натпревар и на крајот заслужено се радуваа.

Оливија Ли со 27 и Џое Симонс со 24 беа најефикасни во победничката екипа, Марија Николов со 23 и Елена Тасевска со 15 се истакнаа кај Баскет кам.

Симонс е прогласен за МВП на турнирот.

Вечер од 19:30 часот, исто така во СРЦ „Кале“ во Скопје ќе се игра машкото финале во кое се среќаваат МЗТ Скопје Аеродром и Феникс. зс/

Остани поврзан