• четврток, 26 декември 2024

Прв академски час во Универзитетот „Мајка Тереза“-ТСкопје - Учете и усовршувајте се за да можете со крената глава да се соочите со предизвиците

Прв академски час во Универзитетот „Мајка Тереза“-ТСкопје - Учете и усовршувајте се за да можете со крената глава да се соочите со предизвиците

Скопје, 1 октомври 2024 (МИА) -  И Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска ги пречека новите бруцоши за новата академска 2024/2025 година. На новите студенти им беше порачано да учат, да истражуваат, да ги продлабочуваат и усовршуваат своите знаења и вештини што е можно повеќе за да може, како што рекоа, со крената глава и достоинствено да се соочат со предизвиците што ги очекуваат како академски граѓани на земјава. На петте илјади актуелни студенти, во новата академска година во овој универзитет им се приклучуваат и околу 800 нови студенти.

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити на бруцошите им посака успех во почетокот на академскиот живот и потенцира дека во секоја развиена земја, и економскиот успех и социјалната кохезија зависат токму од образованието. Посочи дека еден од основните приоритети на актуелната Влада е токму образованието.

-Само инфраструктурата не е доволна, владините инвестиции сами по себе не прават разлика. Должност на секој од вас е да учи, да истражува, да ги продлабочува и усовршува своите вештини што е можно повеќе за да може со крената глава и достоинствено да се соочи со предизвиците што ве очекуваат како академски граѓани на оваа земја. Како студент на годините кога Албанците беа дискриминирани и лишени од нивните јазични, културни и идентитетски права во нивната татковина, би сакал да кажам дека времињата се сменија и дозволите ми да им порачам на сите оние македонски политичари кои ги оспоруваат темелите на изградбата на нашето општество оти помина тоа време на шовинизам. Никаде во светот не се случува да се укинат стекнатите права, а тоа нема да се случи ниту во Северна Македонија. А во случај тоа да се случи, тука сме да ги увериме дека секој ќе го добие одговорот што го заслужува. Знаењето е најдобриот лек и најефикасен одговор на секоја шовинистичка и фашистичка склоност да се угнетува народот, рече Меџити.

 Заменик министерот за образование и наука, Љуљзим Аљиу нагласи дека универзитетските студии се долго патување, но тие се и неверојатна можност да ја обликувате вашата иднина.

-Образованието е најмоќната сила што ја имаме за да ја промениме иднината и овој универзитет е тука да ве поддржува на секој чекор од патот. Образованието, науката и истражувањето играат клучна улога во овој процес бидејќи ни помагаат да развиеме знаења и вештини кои се од суштинско значење за нашиот личен и професионален напредок. Преку образованието ги добиваме алатките потребни за решавање на проблемите и придонес во општеството. Ова искуство стекнато на универзитет ни помага да изградиме карактер и да ја зајакнеме нашата самодоверба, правејќи нè подобро подготвени за животот. Како што продолжуваме да се развиваме како поединци, образованието ќе остане извор на инспирација, отворајќи ни нови врати за кариера и личен раст. Секој ден поминат во образовните институции ни помага да станеме најдобрата верзија од себе, охрабрувајќи не да ги следиме нашите соништа и да придонесеме за подобра иднина, рече Аљиу.

Изет Зеќири, ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје потенцира дека универзитетот е место за стекнување знаење, место каде што го обликувате вашиот карактер, ја градите својата иднина, место каде што добивате интелектуално образование и се подготвувате за иднината

-Почетокот на ова патување е возбудлив и предизвикувачки момент. Ги отворате вратите за нов свет на можности и одговорности за да ги искористите овие можности, рече Зеќири.фф/

Фото: Универзитет „Мајка Тереза“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан