• среда, 25 декември 2024

Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест

Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест

Скопје, 26 април 2024 (МИА) - Денот на трудот 1 Мај (среда) и понеделник (6 мај) вториот ден на Велигден според православниот календар се неработни денови за сите граѓани, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Исто така, од МТСП информираат дека Велики петок (3 мај) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

Од Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ги честитаат престојните празници. сст/дма/

 

Фото:МИА архива

 

Остани поврзан