• петок, 05 декември 2025

Првични информации за можните спецификации на „Плејстејшн 6“

Првични информации за можните спецификации на „Плејстејшн 6“

Токио, 4 aвгуст 2025 (МИА) - Поминаа речиси пет години откако излeзе „Плејстејшн 5“ (PlayStation 5), па и гласините за конзолата „ПС-6“ на јапонската компанија „Сони“ (Sony) веќе почнуваат да кружат.

Познавачите со посериозен углед споделуваат низа обемни информации на „Јутјуб“ за можните спецификации на „Плејстејшн 5“, неговата неофицијална почетна цена и датумот на издавање. Сите непотврдени наводи треба да се земат со резерва. Тоа значи - сѐ уште нема официјална потврда од „Сони“, но се спомнуваат помала потрошувачка на енергија и другите трошоци, што е во согласност и со претходните конзоли. Се говори и за преносен уред што ќе ја надополнува конзолата. Тој „преносен“ „ПС-5“ ќе има влез за микро-СД картичка, влез за „M.2 ССД“, екран на допир, УСБ-Ц, хаптички вибрации и два микрофони.

Се наведува и дека новата конзола ќе има трипати подобри перформанси во растеризацијата, или 3-Д рендерирањето, од „ПС-5“ и околу двојно подобри од она што го нуди „ПС-5 про“. 

Производството на конзолата и преносниот уред се очекува да почне кон средината на 2027. а продажбата - меѓу есента 2027. и почетокот на 2028 година. Претпоставената цена за конзолата е 499 американски долари (432 евра), или поопшта и послободна проценка - меѓу 400 и 500 долари. си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан