• вторник, 24 декември 2024

Првиот обвинет за воени злосторства во Косово ќе застане пред судот во Хаг во септември

Првиот обвинет за воени злосторства во Косово ќе застане пред судот во Хаг во септември
Хаг, 20 јуни 2021 (МИА) - На првиот осомничен, кој е обвинет за воени злосторства во Косово, ќе му се суди во Хаг во септември, објави холандскиот весник „Недерланд Тајмс“. Процесот против поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Салих Мустафа ќе започне на 15 септември во Меѓународниот суд во Хаг, а првите сведоци ќе бидат сослушани пет дена подоцна. Мустафа бил клучен командант на ОВК за време на војната во Косово во периодот 1998-1999 година. Тој е осомничен за извршени воени злосторства, вклучувајќи самоволно притворање, малтретирање, тортура и убиство на затвореници. Мустафа се изјасни за невин по сите точки од обвинението. Тој е првиот осомничен кој ќе се појави пред Хашкиот трибунал. Мустафа беше уапсен минатиот септември и екстрадиран во Холандија, заедно со поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој најави оставка од функцијата шеф на државата непосредно пред апсењето. Тачи е осомничен за убиство на стотици луѓе, мачење и други злосторства. Тој беше испрашуван од судот во 2020 година. гт/

Остани поврзан