• сабота, 23 ноември 2024

Првиот вицепремиер Маричиќ во посета на Брисел 

Првиот вицепремиер Маричиќ во посета на Брисел 

Брисел, 13 февруари 2024 (МИА) – Првиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ од денеска престојува во дводневна работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со белгиската министерка за надворешни работи, европски прашања и надворешна трговија Хаџа Лабиб, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ. 

Покрај со Лабиб, Маричиќ денеска ќе има средби и со заменикот на генералната директорка за Западен Балкан во Европската службата за надворешна политика (ЕЕАС), Марко Маковец, со раководителот на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман, како и со дипломатскиот советник на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел за надворешна политика, Симон Мордју. 

Во продолжение на посетата, вицепремиерот Маричиќ утре ќе биде дел од официјалната делегација предводена од премиерот Талат Џафери, што ќе престојува во Брисел. сп/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан