• понеделник, 23 декември 2024

Прва фаза од асфалтирањето на улиците „9“ и „532“ во општина Илинден

Прва фаза од асфалтирањето на улиците „9“ и „532“ во општина Илинден

27 септември 2024

Општина Илинден интензивно работи на реконструкцијата на улиците „9“ и“532“ во Марино, пришто денеска се изврши првата фаза од поставувањето наасфалт. Во оваа прва фаза асфалтирани се околу 380 метри.

Во рамки на градежните работи се врши целосна реконструкција наулицата во должина од околу 820 метри и широчина 6 метри, реконстукција натротоар во должина од 450 метри како и зафаќање на атмосферските води одколовозот. Улица е од големо значење бидејќи претставува главнасообраќајница во општината што ги поврзува сите населни места. За време нареализација на градежните работи на улицата е воспоставен времен режим насообраќај, кој го спроведува фирмата изведувач на активностите на терен Филипинжинеринг Дооел Скопје.

Во наредниот период Општина Илинден ќе продолжи со инвестиции заподобрување на локалната патна инфраструктура се со цел да им се овозможиподобри и поквалитетни услови за живеење.

Општина Илинден 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан