• петок, 05 декември 2025

Пратенички ја почнаа кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените и девојките“ 

Пратенички ја почнаа кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените и девојките“ 

Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - На иницијатива на Собраниската комисија за еднакви можности на жените и мажите денеска пратеничките ја започнаа кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените и девојките“.

Во рамките на капањата, како што соопшти Собраниската прес-служба, денеска пратеничките излегоа на терен и делеа информативен флаер на граѓаните. Целта, како што е наведено, е директно да ја приближат кампањата и пораката за спречување на насилството врз жените и девојките.

- Во непосредна комуникација со луѓето разговараа за важноста од препознавање и пријавување на насилство, како и за потребата од посилна институционална поддршка. Пратеничките истакнаа дека непосредниот контакт со граѓаните е важен затоа што овозможува размена на информации, но и слушање на реалните проблеми и предизвици со кои луѓето се соочуваат. Тие нагласија дека секој граѓанин треба да знае каде може да се обрати и каква поддршка постои доколку се соочи со насилство, стои во соопштението. 

Акцијата, според соопштението, предизвикала позитивни реакции, а многу граѓани изразиле поддршка за активностите и охрабрување за продолжување на вакви јавни контакти и информирање.

Собранието најавува дека ова е само една од серијата активности коишто ќе продолжат во следните денови во рамките на кампањата. сс/вг/

Фото: Собрание на РСМ

 

Остани поврзан