• петок, 27 декември 2024

Пратеничката Колева донираше нагледни средства и наставни материјали за  ученици од социјално загрозени семејства

Пратеничката Колева донираше нагледни средства и наставни материјали за  ученици од социјално загрозени семејства
Кавадарци, 31 август 2022 (МИА) - Пратеничката Даниела Колева денеска донираше нагледни средства и наставни материјали за  ученици од социјално загрозени семејства, при нејзината посета на Основното општинско училиште „Тошо Велков-Пепето" во  Кавадарци.
-На еден ден пред школската година, со директорот разговаравме за неколку нови проекти во училиштето, на коишто ќе работиме наредниот период, во интерес на развој на воспитно-образовниот процес и во интерес како на децата, така и на вработените овде, нагласи Колева, посакувајќи големи успеси, многу знаења и освоени награди, како и досега.
Пратеничката Колева и претходно има донирано, со цел, како што рече, да се даде поддршка, таму каде што има потреба од помош. свд/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан