• недела, 29 декември 2024

Пратениците од Левица бараат широка јавна расправа за измените на Законот за урбанистичко планирање

Пратениците од Левица бараат широка јавна расправа за измените на Законот за урбанистичко планирање

Скопје, 10 август 2024 (МИА) - Пратениците на Левица најавуваат дека ќе побараат измените на Законот за урбанистичко планирање да бидат повлечени од дневниот ред на пленарната седница закажана цо Собранието за в понеделник и исто така пред да бидат донесени да има широка јавна расправа. 

- За престојната собраниска седница, закажана за понеделник, како дел од дневниот ред е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка. Носење на ваков закон, во скратена постапка, без консултација со експертите и за време на летен одмор само отвора сомнежи во чиј интерес се предложените измени, се наведува во соопштението од Левица.

Како што се посочува, дел од измените кои се предлагаат во новото законско решение предвидуваат бришење на обврската за обезбедување урбанистичка согласност, без да се земат во предвид последиците од укинувањето на ваквата законска обврска.

Понатаму, се брише обврската од актуелниот закон за започнување на постапка за носење нови урбанистички планови и документации, кои претходно не биле усогласени согласно Закон, со што владата на Мицкоски наместо да го стимулира урбанистичкото планирање, дефакто создава дополнителен урбанистички хаос. Недозволиво е делови од Републиката да немаат нови урбанистички документации, донесени согласно новите параметри, се наведува во соопштението од Левица.

Пратениците бараат министерот за транспорт и врски Александар Николовски да ги повлече овие измени и да иницира широка расправа, во консултација со ескпертската јавност.

-Во услови кога урбанистичкиот хаос, узурпацијата на јавниот простор и дивеењето на градежната мафија се секојдневни проблеми на граѓаните, шверцување на ваквите измени во скратена постапка би значело дека оваа владаа одработува за други интереси - а, не за интересите на обичниот граѓанин, се наведува во соопштенито од Левица. ев/

ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан