Пратеникот Пренџов на средба со австралискиот амбасадор Емери
- Беше истакнато дека следната година се заокружуваат три децении од воспоставувањето на дипломатските односи, како настан што ќе биде пригодно одбележан. Беше нагласена и улогата на нашата дијаспора во Австралија, која е петта по бројност од неазиските заедници, како значаен мост во билатералната соработка, појаснија од собраниската прес-служба.
Скопје, 21 ноември 2024 (МИА) - Пратеникот Љупчо Пренџов, претседател на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Австралија и со Парламентот на Нов Зеланд, оствари средба со амбасадорот на Австралија за Северна Македонија, со седиште во Белград, Даниел Емери, соопштија попладнево од собраниската прес-служба.
- На средбата се разговараше за односите меѓу двете земји, кои се оценети како мошне добри и пријателски, при што беа нагласени можностите за унапредување на економската соработка, пред сѐ преку зголемување на нивото на инвестиции во земјава. Беше истакнато дека следната година се заокружуваат три децении од воспоставувањето на дипломатските односи, како настан што ќе биде пригодно одбележан. Беше нагласена и улогата на нашата дијаспора во Австралија, која е петта по бројност од неазиските заедници, како значаен мост во билатералната соработка, појаснија од собраниската прес-служба.
Соговорниците се осврнале и на можностите за унапредување на парламентарната соработка, посочувајќи и на взаемниот интерес за јакнење на политичкиот дијалог меѓу двете земји во рамки на мултилатералните организации, како ИПУ и НАТО. бд/дма/
Фото: Собраниска прес-служба