• сабота, 23 ноември 2024

Пратеникот Ибрахим во посета на Агенцијата за остварување на правата на заедниците

Пратеникот Ибрахим во посета на Агенцијата за остварување на правата на заедниците
Скопје, 22 октомври 2020 (МИА) - Пратеникот во македонското Собрание Енес Ибрахим, беше во посета на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) каде оствари средба со заменик- директорот Џелал Хоџиќ. Хоџиќ, како што соопшти АОПЗ, го информирал пратеникот Ибрахим за активностите на Агенцијата и процесите кои се важни за помалубројните заедници. Посебен акцент бил ставен на активностите од проектот „Зајакнување на демократијата преку промоција и унапредување на правата на заедниците“, кој е поддржан од ЕУ и е во финална фаза на реализација. - Хоџиќ му се заблагодари на пратеникот Ибрахим за поддршката во усвојувањето на новиот закон за правата на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во Република Северна Македонија, во минатиот состав на Собранието на РСМ, закон по кој работи АОПЗ. Новиот закон како и значително подобрената соработката на АОПЗ со невладините организации на заедниците, соработката со ЕУ делегацијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, зголемена видливост на Агенцијата во јавноста, АОПЗ покажува капацитети за квалитетно застапување на помалубројните заедници, се вели во соопштението. Пратеникот Ибрахим се заблагодарил на конструктивниот состанок и изразил подготвеност за поддршка за сите следни активности и предизвици на АОПЗ. сст/сп/

Остани поврзан