• среда, 25 декември 2024

По 15 години верност, великанот на Борусија Менхенгладбах става крај на кариерата

По 15 години верност, великанот на Борусија Менхенгладбах става крај на кариерата

Мехенгладбах, 26 април 2024 (МИА) - Фудбалерот на Борусија Менхенгладбах, Патрик Херман, најави дека на лето ќе стави крај на својата петнаесетгодишна професионална кариера.

Херман ја помина целата своја сениорска кариера во Менхенгладбах.

Претходно играше во помладите категории за Забрикен и Ухтелфанген.

Крилниот напаѓач пристигна во Борусија во 2008 година - и играше за тимот до 19 години, а за дебито во сениорска конкуренција чекаше 18 месеци.

Триесет и три-годишниот играч досега одигра 418 натпревари во дресот на „црно-белите“ и постигна 56 голови.

Само Берти Фогтс (538), Уве Кампс (518), Херберт Вимер (469) и Волфганг Клеф (430) го носеле дресот на Борусија повеќе пати. дс

Фото: Твитер/Борусија Мехенгладбах

Остани поврзан