• недела, 22 декември 2024

По 13 сезони во Евертон, Бејнс се пензионираше на 35 години

По 13 сезони во Евертон, Бејнс се пензионираше на 35 години
Ливерпул, 26 јули 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Евертон, Лејтон Бејнс го најави своето пензионирање на 35-годишна возраст по 13 години настапи за Евертон. Бејнс ја започна својата кариера во Виган, за кој играше пет години од 2002 година, а потоа се пресели во Евертон во 2007 година. Вкупно, фудбалерот одигра 420 натпревари, постигна 39 голови и направи 67 асистенции. Бејнс има 30 натпревари за англиската репрезентација. зс/

Остани поврзан