• понеделник, 16 декември 2024

По четврти пат ќе се одржи планинарската акција „Милениумска патека“ на Сува Гора

По четврти пат ќе се одржи планинарската акција „Милениумска патека“ на Сува Гора
Тетово, 3 ноември 2021 (МИА) - Планинарскиот клуб „Јелак“, во соработка со Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи и Македонската Православна Црква, в недела 7 ноември по четврти пат ја организира планинарско-рекреативната акција „Милениумска патека“ на падините на Сува Гора, која беше за прв пат одржана во 2018 година по повод јубилејот „1000 години Охридска Архиепископија“. Патеката е поставена истата година во рамките на низата настани по повод чествувањето на еден милениум постоење на Охридската Архиепископија. - Пешачењето тргнува од село Блаце и завршува во село Волковија. Акцијата спаѓа во лесни планинарско-рекреативни тури. Погодна е за почетници, постари планинари, рекреативци и вљубеници во природата со минимум кондиција за движење. Добредојдени се и поискусни имаат желба планинари кои да се запознаат со ретко посетуван предел, информира Александар Стојановски од ПК „Јелак“. Долж патеката се поминува покрај повеќе православни цркви, археолошки локалитет - месност „Граиште“ во Стенче, движење низ пределот каде е сниман култниот македонски филм „Македонска крвава свадба“ и слично. Вкупна должина на патеката е девет километри. Во 2019 година во рамки на акцијата беа засадени околу 150 дрвца долж „Милениумска патека“. ас/мс/

Остани поврзан